„Од подвигот и сведоштвото на пророкот Илија, до денешен ден, минаа многу векови. Отпадништво од верата сѐ уште има, а во многу делови на светот присутни се судири и војни. Нашата Македонија, пак, продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И понатаму, за жал, светот го раководат лагата, користољубието и желбата да се завладее туѓото врз принципот на посилниот. Затоа, во ова и вакво време, секој вистински богољубец ...

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Господ е крепост на народот Свој и заштитник на спасението… Спаси го (Господи), народот Свој и благослови го наследството Свое[1]. Возљубени празникољупци, Светиот пророк Илија во самото свое ...