Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија славеше над Шелбурн со 1-0 во мечот од второто коло од групната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Ова за Шкендија беше прв историски натпревар на домашен терен во Европа, прва средба од оваа фаза, тест кој го положи и ги израдува своите навивачи. Избраниците на Беќири беа борбени од почетокот до самиот крај, а за упорноста беа наградени во судиското продолжение (91 минута) кога по уфрлувањето ...
Фудбалерите на Шкендија ја забележаа својата прва европска победа во Конференциската лига на УЕФА, совладувајќи го ирскиот Шелбурн со 1-0 пред околу 3.000 гледачи на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ова е прв триумф на тетовскиот клуб во европските натпреварувања, но и историски успех за македонскиот фудбал. Препорачано Првото полувреме помина во мирна игра без поголеми шанси, со повеќе борба на средината од теренот. Тамба се обиде со удар од ...
Шампионот на Македонија, Шкендија ја забележа првата, историска победа, во главната фаза во натпревар во организација на УЕФА. Во второто коло, во Конференциската лига, Шкендија го совлада Шелбурн од Република Ирска со 1:0 (0:0). Важноста на дуелот го направи своето, Шкендија одигра претпазливо, на крајот среќно дојде до победата. Во меч без многу шанси, во кој гостите преку Мартин во 66-та минута ја погодија стативата, решавачки беше авто-голот ...

