Пиварниците предупредуваат дека ова е најголемиот пад од обединувањето на Германија, а главната причина лежи во растечките трошоци за живот, што ги тера граѓаните сè повеќе да се откажуваат од својот омилен пијалак. Германија, земја со длабока традиција во производството на пиво, бележи историски пад на продажбата на пиво, за 6,8% во првите пет месеци од 2025 година во споредба со истиот период минатата година, објави познатата пиварница ...

Падот на продажбата на пиво во Германија достигна историски размери, соопшти локалната пиварница „Велтинс“, бележејќи намалување од 6,8% во првите пет месеци од годинава. Пазарот на пиво моментално поминува низ криза каква што не сме виделе од обединувањето во 1990 година, изјави Рајнер Емиг, директор на продажба во „Велтинс“. Продажбата на национално ниво опаднала за околу 230 милиони литри меѓу јануари и мај, во споредба со истиот период ...