Шефот на Мекларен, Андреа Стела се обиде да објасни што е можно подетално што е причината за несреќата на Ландо Норис вчера во третиот дел од квалификациите. Британецот беше најбрзиот возач во поголемиот дел од викендот и фаворит за пол-позицијата, но излета на излезот од свиокот 4 и остана без време во решавачката битка за пол-позицијата. „Ландо беше многу брз и конкурентен цел викенд“, изјави Стела. „Секоја сесија, секој сет на гуми, тој ...

Директорот на тимот на Мекларен, Андреа Стела, објасни како дефанзивното возење на Луис Хамилтон во Саудиска Арабија го спречи Ландо Норис да заврши на подиумот. Норис започна десетти и брзо се израмни со Хамилтон, но двата обиди за претекнување во кругот 13 и 14 на последниот свиок #27 се покажаа неуспешни, бидејќи 7-кратниот светски шампион изврши контранапад со системот ДРС на стартно-целната рамнина и двапати ја врати својата позиција пред ...