На големата сцена “Благој Стефановски – Баге“, синоќа во Народниот театар Битола започна 34. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“. На првата фестивалска вечер по минатогодишната пауза се обрати пред љубителите на класичната музика уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ – Рибарски, која нагласи: Имам особена чест да ги поздравам сите кои сте вечерва со нас, посебно неговото Преосвештанство, Митрополит ...

Во рамките на Интерфест синоќа во Офицерски Дом во Битола беше отворена самостојна изложба на цртежи, графики и слики на битолскиот академсми сликар Ранко Струмениковски (1936 – 2000).За животот и богатиот опус на нашиот познат уметник говореше галеристот д-р Драган Ристевски кој истакна дека Ранко Струмениковски ја задолжи Битола на начин што негови логоа и заштитни знаци се уште ги презентираат бројните фирми, установи и производи и после ...