По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест во 13 часот во Градскиот парк. „Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува ...

Кочани, 17. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – За време на денешниот протест во Кочани, незадоволните и револтирани граѓани го демолираа кафе-барот „Класик“ во центарот на градот. Кафулето е сопственост на газдата на таканаречната дискотека која вчера ја зафати страшен пожар при што загинаа 59 лица. Во Кочани се одржува протест на кој се бара одговорност за страшната трагедија која го погоди градот. На протестот има и дел од родителите на загинатите деца. ...