Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доживеа првиот пораз во европските дуели оваа сезона. „Црвено-црните“ дома минимално загубија од Карабах (0-1) во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, па на реваншот во Баку ќе бркаат еден гол негатива за пласман во плеј-офот од елитното друштво, каде ќе чека Лудогорец (Бугарија) или Ференцварош (Унгарија). Со домашниот пораз, паднаа и шансите на тетовчани за завршниот филтер пред ...
Фудбалерите на Шкендија денеска го играат реванш дуелот од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Нивни домаќин е првакот на Азербејџан екипата на Карабах. На прес конференцијата тренерот на тетовчани Јетон Беќири изјави: – Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е квалитетен состав. Ние ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел нашиот противник беше подобар ривал, а ние голот го примивме по наша ...