Една од најскапите и најамбициозни инвестиции во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Аква паркот – годинава не работи, а лани остварил приходи што биле за 41% пониски од планираното. Ревизијата што ја спроведе Државниот завод за ревизија покажала дека токму овој објект е еден од најпроблематичните во портфолиото на центарот. Од некогашен симбол на модерен градски воден рај, Аква паркот се претвори во финансиско бреме. Според ...

Дефектни објекти и опрема, затворен Аква парк, неизвесност за иднината на соларниот систем и изгубени можности за дополнителни приходи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизијата на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ за 2023 година. “Со ревизијата е утврдено дека друштвото во 2023 година остварило приходи од закупнини во вкупен износ од 10,901 илјада денари, врз основа на 24 ...