Македонскиот суперлигаш Алкалоид со вкупно 23 ракометари на број ги започна подготовките за сезоната 2025/26 во која ќе игра на домашната сцена во Суперлигата, како и во Европската Лига на ЕХФ каде чека квалификациски двомеч со Хановер од Бундеслигата. Подготовките на РК Алкалоид во првата фаза ќе се реализираат во Скопје, а потоа во следните десет дена тренинзите ќе се одржуваат во Маврово. Тимот активно ќе работи и тренира и фокусот во целост ...
Ракометниот клуб Алкалоид прв ги запали моторите за новата натпреварувачка сезона, а во лето во кое ќе има и голем предизвик во бараж колото за Европската лига на ЕХФ, тимот од Автокоманда реши да го забрза процесот на загревање за тоа што следи. Победникот во Европскиот куп на ЕХФ во новата сезона ќе се натпреварува едно скалило погоре, но за да дојде до групната фаза, момците на Кирил Лазаров ќе мора да го минат бундеслигашот Хановер. Мисијата ...