Пожарникарите бараат измени во законот за пожарникарство односно воведување на старосна граница при вработувањето максимум до 26 години. Во текот на изминатиот период се вработувале лица од 40, па дури и 60 години што влијаело на севкупната ефикасност во работењето. Охридската противпожарна единица брои 39 пожарникари иако бројчано не ги задоволуваата капацитетите сепак со формирањето на здружението Ентузијаст кое брои 25 волонтери обучени за ...

Лицата приматели на семејна пензија конечно ќе можат да работат без притоа да го загубат правото на пензија. Со 73 гласа за пратениците го донесоа Законот за работен ангажман на лица. Во Законот опфатени се само три дејности – земјоделство, угостителство и домаќински работи како чистење и нега на лица. Но право за ваква работа ќе добијат и други категории на граѓани, како на пример студентите, лица помлади од 18 години кои согласно општите ...