Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез, во отворен разговор со медиумите пред финалето во Лигата на нации, рече дека неговиот тим е максимално подготвен за предизвикот, најавувајќи голема борба за трофејот. „Европските Бразилци“ ќе се соочат со стар и силен познаник, Шпанија, која во екипата ги има сите млади и полетни ѕвезди, а Мартинез се осврна на честите промени во својот состав, потенцирајќи дека тоа е дел од прогресот ...

Кристијано Роналдо со солзи во очите го дочека 36-от трофеј во својата блескава играчка кариера, па иако пред некое време ја „раситни“ петтата деценија од животот, португалскиот капитен не размислува на пензија. Како лидер на оваа нова генерација фудбалери на Португалија, целта на Роналдо е да игра на Светското првенство кое се игра наредната година, а за да се случи такво нешто, ќе мора да ја темпира формата какошто тоа го прави во изминатите ...

Репрезентацијата на Португалија го освои четвртото издание на Лигата на нации на УЕФА, откако во драматичен финиш по пенали ја совлада Шпанија со 5-3. По регуларните 90 минути и дополнителните 30, резултатот беше 2-2, а херој на пенал-рулетот беше голманот Диого Коста. Препорачано Шпанците двапати водеа во првото полувреме, благодарение на прецизните удари на Зубименди и Ојарзабал, двајца фудбалери на Реал Сосиедад кои донесоа надеж за ...