Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се доближат со паркот „Пионир“, при што мораше да интервенира полицијата, и дојде до судир со демонстрантите, употреба на топовски удари, солзавци, а забележани се и апсења. Демонстрантите и „студентите кои сакаат да учат“ биле раздвоени во три ...

Српската полиција употреби солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња и петарди. Министерот за внатрешни работи Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата. Додаде дека ќе ги преземе сите мерки за воспоставување на јавниот ред и мир. Припадници на жандармеријата почнаа со интервенции за растерување група млади лица кои, по завршувањето на студентскиот протест, фрлаа факели и петарди кон ...