Тенисот ќе биде спорт кој ќе биде во фокусот на македонската јавност во наредниов период, а причината за тоа е силниот турнир што ќе се одржи во нашиот главен град. Се работи за настанот „Macedonia Open 2025“ кој ќе се игра на терените на ТК Југ во Градскиот парк. Турнирот ќе има рекорден награден фонд од 100.000 долари и на истиот ќе учествува играч кој пред неколку дена играше на АТП Мастерсот во Рим, Уго Делиен од Боливија. -Минатата година ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Мастерсот во Рим откако во финалето го победи Италијанецот Јаник Синер со резултат 7:6 (7:5), 6:1. Препорачано Мечот траеше еден час и 44 минути. Ова беше 12-ти дуел помеѓу шпанскиот и италијанскиот тенисер, а осми триумф за Алкараз. Победата на Шпанецот во Рим му ја донесе 19-та титула во кариерата, а трета оваа година. Тој од понеделник официјално го презеде второто место на АТП листата. Синер, кој ...