Мартин Поповски имаше уште еден одличен натпревар за Амичитија Цирих во четвртфиналната серија против Сухр Арау во плејофот во Швајцарија. Македонскиот интернационалец на првата средба даде седум гола, втората ја заврши со еден помалку, додека на оваа третата имаше седум реализации и тоа без грешка. Меѓутоа за жал ова перфектно негово издание не беше наградено, Цирих претрпе пораз во својот дом од 32:30 и во негатива од 2-1 во серијата со Арау. ...
Одличниот Мартин Поповски и неговиот тим Амичитија Цирих преку драматичен натпревар против Сухр Арау се изборија за мајсторка, петти решавачки дуел во четврфиналето на плејофот во Швајцарија. Цирих по еден вистински трилер со дополнителни минути се избори за конечна победа на ова гостување со 39:36 и сега ќе има можност пред своите гледачи на 17 април да дојде до билет полуфиналето кое носи битка со брнаителот на пехарот Кадетен Шафхаузен. ...