Студентите од универзитетите во Белград и Нови Сад вчера вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до дополнително известување“. Студенти од Белград и Нови Сад координираа акции за блокирање на РТС, РТВ во новосадски Мишелук и студиото на РТС во ...
Сите влезови во зградата на РТС остануваат блокирани, вработените се спречени да влезат на работа, известува националниот сервис на Србија. Студентите во блокадата ги блокираа зградите на Радио- телевизијата на Србија во Белград, на улиците Таковска и Абердарева и на Кошутњак. Блокадата е на сила од понеделник навечер. Тие се собраа и пред Радио Телевизија Војводина во Нови Сад. Во текот на утрото дошло до тепачка меѓу полицијата и студенти, ...
Како што напишаа студентите на социјалните мрежи, утринава на блокадата немало доволно присутни за посериозно да и се спротивстават на полицијата, па ги поканија сите што можат да дојдат до зградата на РТС на улицата Таковска Од српското Министерство за внатрешни работи (МУП) преку соопштение велат дека утринава упатиле предупредувања и наредби за насобраните студенти и граѓани да дозволат поминување на службени возила, но толпата одбила да го ...