Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се околу 1.800.000 денари односно речиси 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се уште се на лекување. На наддавањето беа поканети над 50 политичари, бројни бизнисмени, како и сите граѓани. Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до ...

Одличен интерес покажаа учесниците на аукцијата на уметнички дела од хуманитарната изложба за настраданите во „Пулс“, што се одржа синоќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. По едноминутниот молк како почит за загинатите во пожарот, на аукцијата што ја водеше актерот Благој Веселинов, беа претставени шеесетина уметнички дел од над 140 што се најдоа на изложбата. Собрани се околу 1.800.000 денари односно речиси 30.000 евра На настанот на кој ...