Европската вселена агенција (ESA) успешно лансираше сателит кој за првпат ќе овозможи детално и прецизно мерење на количината на јаглерод складиран во тропските дождовни шуми ширум светот, пренесува Би-Би-Си. Станува збор за прв сателит од ваков вид, опремен со радар со долга бранова должина – т.н. P-band радар – кој може да навлезе под густата крошна на шумите и да „види“ гранки и стебла кои досега беа недостапни за сателитските инструменти. ...
Сателитот, наречен „Биомаса“, беше лансиран од базата на ЕСА во Куру, Француска Гвајана, и користи радар со долга бранова должина, што му овозможува да детектира гранки и дрвја скриени под крошната, за разлика од постојните радари кои ја регистрираат само површината, пренесе Би-би-си. „Сакаме да ги „испитаме“ овие шуми одвнатре. За прв пат ќе имаме прецизни податоци за тоа колку јаглерод има во Амазон, Конго и Индонезија“, изјави професорот Џон ...