Охрид, 13. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден. Апостолот Павле во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – ...

Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават споменот на Светиот маченик Јакинт. Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но Јакинт остана тврд како ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јули. Денеска е Св. маченик Јакинт. На преминот од први во втори век со Рим управуваше славниот во римската царска историја Трајан. А на неговиот двор живееше овој Јакинт, таен христијанин, по слава далеку помал, а по добродетел далеку поголем од императорот. За време на една паганска свеченост Јакинт се имаше повлечено во својата соба и додека надвор траеше бесмислениот колеж на ...

Охрид, 14. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска ги слават Господовите лекари, Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести, и како што тој дар го добиле ...