Власта ветува дека нема да ја искористи истрагата на обвинителството против се уште актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, за да ја блокира работата на оваа институција која е задолжена за контрола токму на работењето на државните функционери. Оваа најава и ветување доаѓа од министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски против кого токму ДКСК води четири предмети. „Според мене ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изрази жалење за ситуацијата во која се најде Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), откако обвинителството отвори истрага против претседателката Татјана Димитровска, бидејќи е осомничена дека оддавала службени тајни. Димитровска вчера не се појави на работа, а мерката „Забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, што ѝ беше ...