Според МВР, едната кривична пријава е поднесена против против 42-годишниот Н.Ч. од Струга, кој предизвикал пожар на 20 април годинава, додека другата е против Ф.С. (59) од селото Ливада кој на 8 јули запалил оган на својата нива што потоа се проширил на соседните и на блиската депонија Струшката полиција поднела кривични пријави против жител на градот и на селото Ливада поради сомнение дека предизвикале пожари на отворено, соопшти Министерството ...
Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, соопшти МВР. „На 20.4.2025 година во негова нива во близина на регионалниот пат Струга-Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга“, соопшти полицијата. ...