Се интензивира протестот на граѓаните кои бараат решение за Вардариште. Препорачано Од Иницијативата „Стоп за Вардариште“ на Фејсбук објавија дека денеска од 15 до 18 часот ќе протестираат и ќе го блокираат мостот „Близнак“, помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Поради игнорантскиот однос на институциите, протестите се интензивираат!“ порачаа од Иницијативата. Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и на дел од околните населби ги организираат ...
Почнува да се расветлува пожарот во депонијата Вардариште кој го задуши Скопје. Тројца обвинети признаа вина за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад. Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорим Арифи, во среда ќе ја добијат пресудата, бидејќи во периодот од 2020-та, заклучно со втори септември годинава, противзаконски вршеле откуп на старо железо, стари акумулатори и други обоени метали, кои ги оставале во импровизирани ...