Таа важи за една од најмладите, но и најубавите дами на македонската политичка сцена. Иако млада по години, поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, во град Скопје и Владата на Република Македонија, чиј актуелен портпарол е од самото формирање на новата владина гарнитура, позиција која и претходно ја имаше како последна во нејзината матична партија ВМРО-ДПМНЕ. По професија е дипломиран правник, на Универзитетот Св. Кирил ...
За неа велат дека има апсолутен слух… И да кивнеш ќе ти каже од кој тоналитет ти е кивавицата. Професионално, пејачка со врвен глас, одличен виолинст, музички педагог со докторска титула, прва Македонка чиј вокал е искористен во една од најпознатите видеоигри на светот… Приватно, жена, домаќинка, сопруга на познат музичар, мајка на два сина… Неформално спортски тип, со изразен интелект и авантуристички дух. Одличен шахист, дива моторџика, ...
Ако соседите ги имаат Тома, Шабан, Џеј… Македонија го има Миле Кузмановски. Некрунисаниот фолк „крал без круна“ чиј глас одекнува и ѕвони како златна струна која ја растреперува душата со секој отпеан стих, рефрен, секоја негова песна. И оние во кои срцето ја слави љубовта, и оние во кои истото тоа срце скршено на парчиња по изгубената љубов тагува. Зашто се што отпеал – позлатил, се што сме слушнале од него станува или хит или евергрин и ...