Поранешниот руски министер за транспорт беше пронајден мртов денеска, неколку часа откако беше разрешен од Претседателот Владимир Путин, во инцидент кој властите го опишуваат како очигледно самоубиство. 53-годишниот Роман Старовојт, ја вршеше функцијата министер за транспорт на Русија од мај 2024-тата година и беше отпуштен утринава со претседателски декрет, кој не содржеше информација за причините на неговото разрешување. Неколку часа подоцна, ...

Кремљ денеска објави дека е шокиран од ненадејната смрт на поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовоит, неколку часа откако претседателот Владимир Путин го смени. Старовоит беше пронајден мртов во својот автомобил надвор од Москва со прострелна рана, а главна хипотеза е дека самиот си го одзел животот, соопштија државните истражители. Кога беше прашан за смртта на Старовоит, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин бил ...