Составот на Болоња оствари драматична победа над Интер од 1-0 во вториот натпревар од денешната програма во Калчо лигата. Домаќините беа далеку посвежи во овој меч и тоа го искористија, се бореа и притискаа до самиот крај, а тоа им донесе резултат во судиското продолжение. Се играше 94 минута кога топката која Миранда ја уфрли од аут ја зафати Бисек и дојде до резервистот Орсолини кој со атрактивен удар го матираше Зомер за ерупција на Ренато ...

Екипата на Болоња му нанесе голем удар на Интер и славеше со минимални 1-0 (0-0) во натпреварот од 33. коло во италијанската Серија А. Херој на домашниот тим е Рикардо Орсолини, кој со прекрасен удар го совлада Јан Зомер дури во 94. минута. Мечот не понуди премногу возбуда на двете страни, а тоа особено беше очигледно во првото полувреме. Во вторите 45 минути Интер се обиде да се закани во два наврати, но без особен успех во завршницата. Беше ...