Рано е за ласерски и естетски корекции на лузните, мора да се следат лекарските протоколи, повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки, да се консултираат со стручниот тим којшто им стои на располагање во кочанската болница, апелира првиот човек на ФЗОМ. Компресивната облека ќе треба да ја носат две години и таа ќе биде обезбедена. Во однос на забелешките дека состојбата во кочанската болница е катастрофална, Клековски вели се добива ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека утре експерт за пластична хирургија ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се на рехабилитација во установата во Пониква. Целта на посетата е да се проценат нивните медицински и хируршки потреби и да се утврди како може најдобро да им се помогне. – Во Пониква се сместени 45 граѓани, со нив работат двајца лекари и три медицински сестри. ...