Активен е пожарот на планините Готен и Малешевските планини што се протега на териториите на три општини, Василево, Радовиш и Берово. Во прилепското село Бешиште, кај месноста Бешишки Рид гори мешана шума. Во Прилеп активен е и пожарот кон селото Дрен. Два пожари има на територијата на Македонски Брод – кај село Црешнево и меѓу селата Локвица и Крапа. Нискостеблеста шума гори меѓу селата Драгоево и Селце во Штип. Готи и кај Зелениково (село ...

Македонија во пламен. Шест активни пожари беснеат низ територијата на државава, а три се ставени под контрола – информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Најопасно е на планината Готен, кадешто веќе 10-ти ден, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Пожарникарите и вработените во Национални Шуми се веќе истоштени од борбата со огнените јазици на планината Голем Готен и Малешевските Планини кој се наоѓа на тромеѓето ...