Околу 1.400 туристи беа евакуирани од Мачу Пикчу поради протест во областа на познатото археолошко наоѓалиште во Перу, објави агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на властите. Демонстрантите кои бараа нова компанија да ја преземе автобуската линија помеѓу најблиската железничка станица и Мачу Пикчу се судрија со полицијата. Четиринаесет полицајци беа повредени додека расчистуваа блокада на патот. Властите успеаја да евакуираат околу 1.400 ...
Повеќе од 900 туристи останаа заглавени во градот Агуас Калиентес, во близина на Мачу Пикчу, откако протестите на локалното население го прекинаа железничкиот и автобускитe линии во регионот Куско, јавуваат перуанските медиуми. Министерот за туризам, Десилу Леон, соопшти дека во понеделникот биле евакуирани околу 1.400 туристи, но приближно 900 сè уште се блокирани. Протестите избувнаа поради истекот на концесијата на компанијата „Консетур“, ...
По вториот ден блокада на единствената железничка линија што води до наоѓалиштето Мачу Пикчу, властите успеаја да ги евакуираат туристите, од кои многумина се странци. За да стигнат до местото, посетителите обично се возат со воз од Куско, оддалечен 110 километри, до Агуас Калиентес. Оттаму, се возат со автобус до местото. Мештаните бараат заминување на автобуската компанија што ја опслужува оваа последна рута, бидејќи нејзиниот договор истекол ...