Изолирани, но не и отсечени. Во срцето на случувањата, а одлучни да останат свои. Народ кој ја носи својата традиција не како товар, туку со гордост – внимателно, достоинствено, и далеку од вревата на светот. Во северниот агол на Голанската висорамнина, таму каде облаците се сретнуваат со камените врвови е Маџдал Шамс, или на македонски - „Кулата на Сонцето“. Тука живее заедница чиј идентитет е вткаен од историјата, молкот и вербата. Тоа се ...
Овде, звукот на молитвите се меша со ехото на сирените. Овде, децата растат со приказни за храброст, но и со страв од следниот напад. Мирот – иако често спомнуван – е отсутен гостин. А нормалноста? Луксуз што малкумина го поседуваат. Два народа, врзани во судир – не само еден со друг, туку и со минатото, со иднината, со секој нов ден. Првото нешто што ве пречекува кога ќе пристигнете во Израел не се ни светите места, ни раскошните пејзажи, туку ...