Поранешниот француски репрезентативец Пол Погба, кој отслужи 18-месечна суспензија поради допинг, не даде никаква јасна информација за неговото потенцијално враќање на теренот. Фудбалерот е слободен агент по раскинувањето на договорот со италијанскиот клуб Јувентус, а во врска со потрагата по нов клуб, тој рече дека „тоа може да биде утре“ или „може да биде за две години“. Забраната на 32-годишниот Погба истече во март. Тој веќе беше поврзуван ...
Поранешниот светски шампион со Франција од 2018 година, Пол Погба (32), кој беше надвор од фудбалските терени речиси 20 месеци, е во преговори со американскиот клуб Ди Си Јунајтед за потенцијален трансфер. Францускиот играч од средниот ред во ноември минатата година го раскина договорот со Јувентус по меѓусебна согласност. Од тогаш, најголем дел од времето го поминува во Мајами, каде се рехабилитираше и ја разгледуваше својата идна кариера. ...