Пробиени повеќе рокови, сменети неколку премиери, потрошени милиони, а денеска се пуштени во употреба 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, речиси половина од целата делница. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ лани даде најнов рок до крајот на 2026 година, за завршување на работите. Партијата на власт којашто пред повеќе од една деценија почна да го гради автопатот, денеска се пофали дека се откочуваат инфраструктурните проекти во државата. ...
Премиерот Мицкоски утрово сподели снимка на неговиот Фејсбук профил од првиот пуштен дел на автопатот Кичево – Охрид. Тој, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт на видеото направи увид во автотопатот и кажа уште колку има до негово целосно завршување. Одлично изгледа ова. Навистина долго време граѓаните го чекаа. Практично од ова место од каде денеска го отворивме овој прв дел, делницата од Врбјани до Охрид, до Кичево има отприлика ...