На покана на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18-та меѓународна конференција „Дубровник Форум“, што се одржува во саботата и недела во Дубровник. Фокусот на дискусиите беше ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите на Евроатлантска интеграција. Министерот Муцунски имаше свое обраќање во рамки на панелот ...

Случувањата во Европскиот Парламент не беа само семантика. Тоа беше политички чин на негирање на идентитетот, рече министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на меѓународната конференција „Дубровник Форум“ во Хрватска. – И сакам да бидам јасен, национализмот од 19. и од 20. век нема место во Европа на 21. век. Идентитетот не е прашање за преговори, туку основно човеково право. Добрососедството не подразбира толерирање провокации. За жал, ...