Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани. Одлуката е донесена на денешната 82 редовна седница на Владата. Како што информира владината прес-служба, со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и ...

Одморалиштето „Пониква“ станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите. Препорачано Владата на вчерашната седница донела одлука и го задолжила Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето „Пониква“, кое има 27 соби и 56 легла на располагање, на Министерството за здравство за лекување на ...