Пелистер ги има сите потенцијали за развој на туризмот кои се речиси неискористени. Иако досега се изработени повеќе студии, сепак многу малку е направено за една од најубавите планини кај нас да стане достапна за туристите, како од аспект на инфраструктура, така и за сместувачки капацитети и понуда на содржини. Општина Битола сега изработува уште една судија, која што треба да понуди решенија за развој на зимскиот и летниот туризам на Пелистер. ...
Во салата на Советот на општина битола, денеска се одржа првата презентација на Студија за зимски и летен туризам што ја прави Општина Битола во соработка со експерти за туризам. На средбата беа присутни сите засегнати страни кои истовремено ги дадоа своите размислувања и предлози пред нејзиното финализирање. Во фокусот е Пелистер. Финансирана од Општина Битола со одлука на Советот за туризам, а во согласност со Програмата за туризам на општина ...