Италија се врати од големата негатива на натпреварот против Словенија и стигна на еден кош од пресврт, но „аѕурите“ сепак останаа без сили во последните 90 секунди и на крајот претрпеа пораз и елиминација во осминафиналето. Тимот на Џанмарко Поцеко остана на дофат на следната рунда и мораше да се помири со пораз од 84:77, кој испадна дека е и последен за италијанскиот стручњак како предводник на националниот состав. Поцеко во прес-центарот им ...
Џанмарко Поцеко поднесе оставка од селекторската позиција по елиминацијата на Италија од Евробаскетот. Тој на прес-конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на „аѕурите“. „Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, ...