Обвинителството ја шири истрагата за трагедијата во дискотеката Пулс, во Кочани. Александар Нацев, е новиот осомничен кој Обвинителството го сомничи дека тој бил реален сопственик на агенцијата, која кобната ноќ го обезбедувала локалот. Нацев е приведен , а во текот на вчерашниот ден се вршени претреси на неколку локации во Скопје и Пробиштип, при што е одземена обемна документација и електронски уреди. „Министерството за внатрешни работи во ...

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор. Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното ...