Вистинската битка за војната во Украина во моментот не е на фронтот, туку за наклонетоста на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави „Си-Ен-Ен“. Клучната борба не е на истокот на Украина, туку за страната што ќе добие поголема поддршка од Трамп, со оглед дека сè повеќе е фрустриран поради неуспехот за постигнување на мир. Затоа, најавениот телефонски разговор меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде пресуден, ...
Не треба да се има илузии, вистинската битка во војната во Украина моментално не се води на небото над Киев или Днепар, каде нападите со руски беспилотни летала драстично се зголемија во последните денови. Ниту бавниот и исцрпувачки напредок на руската армија на фронтовите во источна Украина нема да одлучи за исходот на конфликтот, кој влезе во третата година. Клучната борба што моментално се води меѓу завојуваните страни и нивните сојузници е ...