Новак Ѓоковиќ лесно го надигра Мекензи Мекдоналд во првото коло на Ролан Гарос и без проблем го заокружи триумфот, со три идентични сетови (6-3, 6-3, 6-3). Српскиот ас неодамна ја освои стотата титула во кариерата (на турнирот во Женева) и пристигна со голема самодоверба на францускиот Грен-Слем, каде има мисија да го подобри својот рекорд и да стигне до 25. титула. Ѓоковиќ досега трипати триумфираше на Ролан Гарос (2016, 2021 и 2023 година). ...

Новак Ѓоковиќ го потврди добриот ритам кој го фати во Женева со прва победа на Ролан Гарос. Српскиот ас оствари рутински триумф над МекКензи МекДоналд од Соединетите Американски Држави со 3-0 во сетови. Помалку од два часа траеше ова соочување, пресметка во која Ѓоковиќ ги доби сите три сета со идентичен резултат 6-3. Ова Ноле го носи во втората рунда каде ривал ќе му биде домашен тенисер Муте или Табур. Кога се во прашање фаворитите Александер ...