Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничкиот брифинг со бугарскиот премиер Росен Жељазков изјави дека го разбирал „одреденото“ незадоволство кај Македонија поради бројните чекори што веќе ги направила – промена на Уставот, знамето и името на државата – но, за промена, нагласи и дека треба да и се гарантира на Македонија дека нема да има натамошни блокади и условувања. За жал, тој тоа очебијно го подразбира како усна гаранција, ...
„Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и секако очекуваат да се конкретизира пристапувањето. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат“, додаде Кошта. Тој истакна дека лично е ангажиран и разговара со властите во Софија, и во Скопје и дека очекува по завршувањето на изборниот ...