Новиот закон за рударство го крева алармот кај активистите против рудници во Југоистокот. Струмичките еко-активисти го разгледуваат текстот на нацрт-законот и во следната седмица, колку што е рокот за поднесување забелешки, ќе ги испратат, но и внимателно ќе ја следат ситуацијата. Ѓорги Танушев вели дека има повеќе спорни работи во предлог законот коишто во иднина може да бидат пречка за заштита на животната средина, бидејќи ќе влијаат во многу ...
И Македонската асоцијација за рударство ќе подготви пакет забелешки за новиот Закон за рударство чиј предлог е достапен на електронскиот национален регистар за прописи (ЕНЕР). Претседателот Диме Пероски за Телма изјави дека неколку компании-членки на асоцијацијата веќе ги испратиле своите забелешки, а овие денови се очекува да пристигнат и останатите по што ќе имаат заеднички состанок и ќе се состави листата во законскиот рок овозможен за тоа. ...