Осуда за насилството врз дете , но и за објавеното видео на социјалните мрежи. Ова е реакцијата од Првата детска амбасада „ Меѓаши“, откако на социјалните мрежи се споделува видео, на кое се гледа и слуша мало девојче, кое е врзано за вратот и рацете со јаже и така виси , како вид казна за наводно украдени пари од маалски дуќан. На видеото се слуша глас на возрасен човек кој го испрашува зошто ги украло парите, а девојчето одговара за да јаде и ...
Струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото на девојчето за запуштање и малтретирање на дете. Детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство. За осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето, соопштија од обвинителството. Детската амбасада Меѓаши ...