Ансу Фати е целосно заборавен од Ханси Флик и стана фудбалер кој почна да добива шанса по барање на своите соиграчи, откако Ламин Јамал побара од тренерот да го стави во игра на првиот натпревар против Борусија Дортмунд во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тие пет минути се единствениот настап на Ансу во последните три месеци, па иако се веруваше дека може да добие шанса и против Селта Виго во натпревар во кој Флик првично одмораше дел од ...

Ансу Фати имаше своја „епизода“ на клупата на Барселона во победата над Селта (4-3) во Примера. Тренерот Ханси Флик како и во повеќе наврати сезонава реши да не го користи младиот крилен фудбалер, а тоа нему не му се допадна. По загревањето и откако забележа дека нема да влезе во игра Фати нервозно го соблече маркерот и со нога удри во клупата за резервни фудбалери. Овој момент го „улови“ режисерот на преносот и потоа одеше снимка од лудувањето ...