Гласот на медицинските сестри мора да биде слушнат таму каде што се крои здравството на оваа држава, реагираат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри. Велат дека дегутантно е да бидат на ваков начин игнорирани, затоа што и покрај тоа што постоеше јасен и официјален договор со министерот за здравство за вклучување на Унијата во работните групи, на неодамнешната јавна расправа тоа не се случи – што ...
„Ова го сметаме за директно игнорирање на реалните потреби и гласот на професионалците кои секојдневно се на терен и го носат товарот на здравствениот систем. Медицинските сестри заслужуваат да бидат слушнати — не преку формални претставници, туку преку вистински, активни и професионално организирани тела, каква што е нашата Унија. Бараме објаснување: зошто е прекршен договорот со министерот? Бараме итно вклучување на легитимни и активни ...