И покрај убавото време и синото небо, глетката од Водно прикажува тревожна ситуација во околината на Скопје. Како што може да се забележи од фотографијата направена, во долината се забележуваат два пожари. На левата страна, од скопско Трубарево, се издига голем, густ столб од црн чад. Според надлежните, се работи за пожар во Нула Отпад Скопје односно фабрика за пластика. На десната страна, во далечина, пак може да се види уште еден чад, кој ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека синоќа, пред 23:00 часот, повторно избувнал пожар во депонијата Дрисла, но на сосем друго место, подалеку од претходно активните жаришта. На лице место веднаш интервенирале скопските пожарникари, но поради спецификата на пожарот било потребно истовремено затрупување на опожарената површина. За таа цел, биле активирани градежни машини кои веќе биле на локацијата, а ...
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок. На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за да интервенираат доколку има потреба. Ангелов информира ...