Да докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти со оние што владееја во минатото. Да не заборавиме дека нашата фотелја не е крајна цел, туку должност, должност кон народот, кон Македонија. Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање по повод јубилејот – 35 години ...
Во својот говор на 35-иот роденден на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Христијан Мицкоски упати порака до сите државни и локални функционери во која укажува дека нема да толерира од моќта да им се заврти во главата. Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување, вели премиерот Мицкоски во говорот на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ од што може да се заклучи дека тој има намера сите тие што ќе бидат несовесни да ги санкционира. ,,И немојте никогаш да ...