Влатко Митровски од село Плешенци, пробиштипско, повеќе од 15 години се занимава со одгледување на свињи. Инвестирал во својата фарма, изградил соодветни услови за свињите, обезбедил вода со цел да произведува и да продава домашно свинско месо. Но денеска ситуацијата е повеќе од тешка, нема храна за свињите, а никој не купува ниту свинско месо. Ако некој побара тоа е под цена која е далку од задоволителна. „Нема сточна храна, килограм свинско ...
Влатко Митровски од село Плешенци одгледува 120 свињи, ама нема ниту храна ниту откуп, за телевизијата М-НЕТ раскажува дека неговиот син се иселил, а во план е и тој да се исели, доколку работата не се поправи. – Нема ниту храна, ниту откуп, имав порано 200 свињи, сега имам 120, еднаш на два дена ги хранам со храната, па ги пуштам да пасат на овие температури. Господ знае дали ќе се вратат. Работиме и дење и ноќе, а сме задолжени, ако ова не ...