Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената 14-годишна Вања, денеска преку својот адвокат испрати писмо до судот, кое не беше исчитано до крај. Дел од него беше презентирано, а судијата Ивица Стефановски рече дека не може да се исчита до крај бидејќи не се однесува на имотно-правното побарување за кое требаше да се произнесат оштетените. „Скопје1“ исконтактира со мајката на убиената Вања, а таа преку нејзините адвокати ни го прати целиот допис преку ...
Писмото од мајката на Вања ги крши срцата: „Судскиот процес ми е како секој ден да ја погребувам ќерка ми, но морам - поради сите мајки“ „Ја киднапирале и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое. Вања не е само број на жртва. Вања беше живот – со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветоодделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура...“, ...