Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите, благоразумност во сè, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на жестокото гонење на христијаните под свирепите цареви ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 септември. Светиот свештеномаченик Вавила Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, ...