Во гостување на МРТВ, Тошковски посочи дека казните за сообраќајните прекршоци ќе се добиваат на мобилен телефон и појасни дека доколку се работи за мал прекршок ќе треба да се плати само паричен надоместок, доколку е поголем прекршок, тогаш ќе треба да се оди на суд каде би била изречена и забрана за управување. – На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за ...

Системот „Сејв сити“ ќе започне со работа на 1 јануари 2026 година и ќе овозможи автоматска контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци, најави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МРТВ. „Оние што мислат дека можат да се однесуваат како ‘нинџи’ на улиците – безобѕирно да управуваат моторни возила – нека знаат дека возилото ќе им биде одземено и трајно ставено во функција на институции како МВР, ...