Грција ја победи Шпанија (90:86) во последното коло од групната фаза на кошаркарското европско првенство и со тоа првпат по 1977 година, ја остави „фуријата“ без пласман во втората фаза на турнирот. Шпанците вообичаено имаат резервирано место во завршницата, беа и актуелни шампиони, но со подмладената селекција на овој шампионат не успеаја да дојдат ни до почетокот на нокаут фазата. Адетокумбо со 25 и Дорси со 22 поени беа најефикасни во грчкиот ...

Откако синоќа се комплетираше завршното коло во групите Ц и Д, познатите се сите осминафинални пресметки на Европското првенство во кошарка. Петтото коло во групата Ц донесе драматична разврска во Лимасол, откако актуелниот европски шампион Шпанија загуби од Грција со 90-86 и претрпе елиминација веќе во групната фаза. Осминафиналните пресметки на Евробаскетот ќе стартуваат в сабота кога на програмата се дуелите Србија – Финска, Германија – ...