Летувањето во странство, според Владата, не е реален дел од животот на македонските граѓани. Според најавената нова „просечна потрошувачка кошничка“, такви трошоци се сметаат за луксуз и нема да бидат земени предвид. Самиот факт дека вакви трошоци се избришани уште пред да се објави документот ја наметнува дилемата – дали оваа кошничка ги мери реалните трошоци на граѓаните или ги прилагодува на политичката агенда? „Никој не го оспорува правото ...

„Наместо вистински реформи за подобрување на стандардот на граѓаните, десничарската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да го редефинира самото значење на сиромаштијата. Не ја зголемуваат минималната плата – напротив, се нафатија да ја прекројуваат потрошувачката кошничка, да ја сведат на леб и сол, за утре да можат да кажат дека „се живее“ со бедните плати што ги испорачуваат и со високите цени на кои никако не им застанаа на пат“ соопштија ...